Дибиров не успеа да го ископира Кире, го промаши последниот шут

EPA-EFE/ANDREAS HILLERGREN

Селекцијата на Хрватска за разлика од послабиот прв дуел, во второто коло ја демонстрира моќта против Белорусија.

Крилото на Вардар, Тимур Дибиров е трагичар на репрезентацијата на Русија бидејќи не успеа да постигне гол во последните секунди во дуелот со Унгарија.

Шутот на Дибиров во последните секунди од натпреварот го одбрани унгарскиот голман Миклер за триумф на неговата селекција од 26:25.

Дибиров постигна три гола за Русија, додека од останатите вардарци со руската репрезентација, најдобар беше Калараш со четири постигнати голови, додека Шишкарев даде два, а Атман не успеа да се запише во листата на стрелци. Кај Унгарците, најпрецизен беше Балог со седум постигнати голови.

Селекцијата на Хрватска во второто коло го покажа вистинското лице и оствари убедлив триумф од 31:23 над незгодната Белорусија. Дека натпреварот во Црна Гора во првото коло беше само загревање за „коцкестите“ се покажа уште во првите минути од натпреварот кога поведоа со 5:1.

Иако имаа пад во играта со која Белорусија успеа да намали на 9:10, на полувремето избраниците на Лино Червар заминаа со пет голови предност (15:10).  Хрватите рутински ги одиграа вторите 30 минути и сосема заслужено остварија убедлив триумф, а воедно и покажаа зашто се меѓу главните фаворити за освојување на медалите.

Најрепцизен кај Хрватска беше екс вардарецот Игор Карачиќ со шест гола, додека пет постигна Лука Степанчиќ.

Во натпреварот на дебитантите, Холандија со 32:24 ја совлада Летонија. Фантастичен кај „лалињата“ беше Кај Смитс со седум гола од осум шута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот