Дибиров не си оди од Вардар, потпиша нов договор

Тимур Дибиров/ фото: Слободен печат/Драган Митрески

Миленикот на „Комитите“, и еден од најзаслужните за двете европски титули на Вардар, Тимур Дибиров, останува во „црвено-црното“ семејство и во иднина. Дибиров потпиша нов едногодишен договор.

Дибиров во Вардар пристигна 2013 година од Чеховски Медведи кога клубот го презеде Сергеј Самсоненко и во овие осум години стана рекордер по бројот на настапи за Вардар во Лигата на шампионите, а воедно е и најдобар стрелец на „црвено-црните“ во елитното натпреварување.

Со потписот со одличното крило, Вардар продолжува да го составува тимот во кој главна цел ќе биде што подобар пласман во ЛШ, и од идната сезона нови членови на „црвено-црниот“ тим ќе бидат и Едуардо Гурбиндо, Дарко Ѓукиќ, голманот Мартин Томовски, Анте Кудуз и Јан Чувара. Следната сезона ќе има промена и на тренерската клупа бидејќи Стевче Алушовски најави дека нема да го продолжи договорот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот