Дибиров не мрда од Скопје, иднината за Вардар е светла

EPA-EFE/BOGLARKA BODNAR

Тимур Дибиров најави дека и во следната сезона ќе биде дел од „црвено-црните“ во атакот да се дојде и до третата европска титула. Дибиров е првиот ракометар во Вардар, кој иако има исписница во раката, најави останување во Вардар на кого денеска, Владата и Град Скопје, заедно со АМС најавија дека ќе го наградат клубот со вкупно 700.000 евра за освоената титула.

– И наредната година ќе бидам дел од Вардар. Клубот ќе се спаси од распад, а ситуацијата, сега по освоената титула е многу подобра – им изјави Дибиров на руските медиуми.

Дека ситуацијата во Вардар е се подобра и потврди и словенечкиот репрезентативец Сташ Скубе кој откри дека сопственикот на клубот, Сергеј Самсоненко им ги исплатил сите долгови на ракометарите уште пред да започне фајнал фор турнирот во Келн.

– Сопственикот на Вардар, Сергеј Самсоненко ни ги исплати најголем дел од долговите уште пред турнирот во Келн. Тој исто така ни вети е богата премија – им откри Скубе на медиумите во Словенија.

По изјавата на Скубе дека голем дел од долговите се подмирени, извесно е дека Вардар и во следната сезона ќе биде еден од фаворитите за освојување на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот