Дибиров: Мора да победиме против Порто и да потврдиме дека сме на добар пат

фото: СЕХА ЛИГА/Anze Malovrh / kolektiff

Екипата на Вардар утревечер ги продолжува настапите во Лигата на шампионите и тоа против екипата на Порто.

Вардарци минатата недела против Фленсбург го разбија малерот и ја остварија првата победа сезоната, но од само два одиграни натпревари. „Црвено-црните“ имаат два одложени натпревари, против Елверум и Пик Сегед, но минатонеделната победа покажа дека паузата не се одрази врз играта на Вардар и ракометарите очекуваат нов триумф утревечер против незгодниот Порто во чии редови блеска и репрезентативниот голман, Никола Митревски.

Мислам дека натпреварот ќе биде многу тежок. Зошто? Затоа што сега ние сме во една многу интересна ситуација, победивме многу силен противник како Фленсбург и сега сакаме да напредуваме малку по малку секој натпревар. Што се однесува до натпреварот со Порто, сакаме да потврдиме дека ова беше почеток на нашата идеја за она што сакаме да го постигнеме оваа сезона. Затоа многу ќе биде важна оваа победа дома, сепак знаеме дека Порто е многу квалитетен противник, независно е каде играте, дома или на гости. Многу незгодна екипа со тактика „7 на 6“ и кога им е најтешко, тогаш ја играат најдобро. Што се однесува до нас, сакаме да потврдиме дека сме на добар пат, дека можеме уште подобро и дека нашата авантура оваа сезона почна од победата со Фленсбург. Сега треба да продолжи и да биде подобра и подобра. Знаеме дека ќе биде тешко, дека нема лесен противник, но играме дома и мора да победиме. Излегуваме со мисла во главата дека сакаме да играме уште подобро отколку со Фленсбург – смета Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот