Дибиров: Имав понуди од ПСЖ и Мешков, но одлучив да останам во Вардар!

Тимур Дибиров и натаму е верен на македонскиот и европски шампион, и покрај проблемите со кои се соочува од финансиски аспект.

Во меѓувреме Вардар доби старо-нов претседател Михајло Михајловски, клубот се раздели со Гедбан, Кугис, Кукуловски, Горбок, Скубе, Толедо, Шишкарев, Сикошев Пелко и Горпишин.

А како нови засилувања дојдоа Кантегрел, Талески, Гаџа, Јотиќ, Јагуриновски, Векиќ, Вујин, Георгиевски, Валчак, а од Вардар јуниор Крстевски, Атанасовски и Гашоски.

Руското лево крило Дибиров можеше исто така од „старата гарда“ да си замине од Скопје, внимателно ја следеше ситуацијата и одлучи да остане во „црвено-црните“ бои.

Водев преговори со Мешков Брест. Имам многу добри односи со нивните лидери, спортскиот директор Павел Башкин. Понудата беше одлична од сите аспекти, но на крјаот навистина сакав да останам во Вардар.

Исто така во 2013 година кога одлучив да се преселам во Вардар, во рацете имав договор со ПСЖ. Мојот избор да го одберам Вардар беше необјаснив, тимот беше далеку од сегашниот, а во ПСЖ имаше играчи како Хансен и Абало. Почувствував дека беше подобро да се игра во Вардар – рече Дибиров за „handballfast.com“.

Тешка задача за Вардар во ЛШ: Црвено-црните ќе играат против „своите“ Гонзалез, Криштопанс, Карачиќ, Скубе, Душебајев…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот