Дибиров: Доаѓаат тешки времиња за Вардар!

handball.motorsich.com

Руското лево крило вели дека финансиската ситуација е уште полоша и дека напролет клубот ќе се соочи со сериозни кадровски проблеми.

Играчот на „црвено-црните“ во интервјуто за „handballfast.com“ говореше за состојбата во која се наоѓаше Вардар досега сезонава, кои беа причините за високите порази во елитното клупско ракометно натпреварување.

Моментно европскиот првак е на зимска „пауза“ поради репрезентативните обврски и подготовките кои се водат за настапот на Европското првенство 2020 наредниот месец.

Тимур Дибиров вели дека Вардар имаше тешка полусезона, повредите кај главните играчи го направија своето и тоа влијае(ше) врз резултатите во Лигата на шампионите.

– Стојанче Стоилов се опоравуваше долго време, потоа Павел Атман и Сергеј Горбок беа надвор од составот, а Глеб Калараш и Сергеј Горпишин имаа проблеми. Дојде и промената на тренерот (Давид Писонеро), така што се менуваше и стилот на играта. Сите ја очекувавме оваа пауза да се обидеме што може да се промени и поправи за пролетниот дел од сезоната. Јасно е дека имаше проблеми со селекцијата на играчите, дека се очекуваше повеќе од голманите – рече Дибиров.

Вели воедно дека е тешко да се заменат играчи како Карачиќ, Милосављев, Мораеш.

– Иако велат дека се подобрува финансиската состојба, јас не мислам така. Таа е уште полоша. Напролет клубот би можел да се соочи со сериозни кадровски проблеми. Со исклучок на тројца играчи, Сташ Скубе, Артурс Кугис и Павел Атман, на сите останати им истекуваат договорите. Во ваква ситуација нема смисла да се зборува за продолжување на нивната соработка и никој не започнал да преговара. Му доаѓаат тешки времиња на Вардар – додаде Дибиров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот