Дибиров: Благодарам Кил што ни покажа до каде е овој Вардар!

Вардар денеска беше совладан од Кил, одигра ужасно прво полувреме кое не се памети во СЦ „Јане Сандански“, поразот дојде со резултат 20:31

Веднаш после мечот беше одржана и прес конференција на која беа искажани импресиите.

Филип Јиха, тренерот на Кил:

– Горд сум на момците. Во првото полувреме бев изненаден од играта во првиот дел, клучна беше одбраната 5-1. Потоа, во вториот дел Вардар се покажа како подобар, кој секогаш наоѓаше решение и одлична одбрана со двајца-тројца напред и тоа ни правеше проблеми. На крајот сум задоволен од освојувањето на бодовите, нашиот голман Ландин ни овозможи лесни голови, големата разлика од првиот дел беше клучно за нашата победа.

Миха Зарабец, ракометар на Кил:

– Еден од најдобрите наши мечеви досега во сезоната. Голманот Ландин беше одличен, функционираме одлично во одбраната, во нападот бевме пефектни. Одиме напред, сега треба да уживаме, ова е голема победа против Вардар, но само еден меч, до крајот на сезоната има уште многу да се игра.

Давид Писонеро, тренер на Вардар:

– -Ова е тежок пораз за нас во овој натпревар. Имавме многу проблеми во првиот дел, никогаш во мојата тренерска кариера не сум имал полувреме со само четири постигнати голови. Во второто полувреме, пак, игравме подобро и функциониравме, но не успеавме да направиме нешто повеќе поради големата негатива во првиот дел. Благодарност до навивачите, жалиме затоа што не победивме. Едноставно, првото полувреме беше катастрофа за нас. Грешевме во шутевите, а тоа сигурно влијаеше на поразот. Во вториот дел притискавме, ја разбивме тешката дефанзива на Кил. Мора да продолжиме понатаму, ова е само еден пораз.

Тимур Дибиров, ракометар на Вардар:

– Не очекувавме вака висок пораз, пред мечот најавивме да видиме до каде сме и ете видовме. Навивачите нон стоп беа со нас, на крајот видовте што се случи. Имавме многу грешки во првото полувреме, многу шутеви надвор од голот, а нивниот голман Ландин беше одличен. Пробавме барем во второ полувреме да направиме пресврт. Но, пак ќе кажам, ова беше еден добар тест да видиме до каде сме, и затоа благодарност до Кил на тоа. Останува да видиме што се случи, да го анализираме натпреварот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот