ДИБИРОВ: Ако после оваа титула никој не ни помогне…!

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Дибиров е свесен дека ова е ново историско испишување на клубот, но од друга страна смета дека „наградата“ треба да дојде.

Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните” се искачија на европскиот ракометен трон.

Според него оваа титула е поголема од првата, која ја освоија во 2017 година, по се што поминал тимот.

– Одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Оваа титула е поголема од првата, зашто знаеме низ што сѐ минавме – вели Дибиров.

Руското лево крило во финалето против Веспрем имаше учинок од три голови.

На својот Инстаграм профил имаше време и за шега, во 2017 година Вардар ја освои првата титула во ЛШ, а потоа следуваше пауза од една година, и му се извинува на трофејот што чекаше 365 дена да се врати во рацете на македонскиот шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот