Дибала за 70 милиони евра се „пакува“ за Лондон!

twitter.com/KickOffMagazine

Претходно беше објавено дека Пауло Дибала ја одби понудата на Манчестер јунајтед кој го посакуваше како замена за Ромелу Лукаку.

Бараше од „црвените ѓаволи“ годишна заработка од 12 милиони евра плус бонуси, како и провизија од 15 милиони за својот агент.

Дали овој трансфер има некаква поврзаност со евентуалната преселба на Кристијан Ериксен на „Олд Трафорд“, останува да се види во наредниот период…

Последните информации велат дека Јувентус ја прифатил понудата на Тотенхем вредна 70 милиони евра за услугите на аргентинскиот интернационалец Дибала, пренесува „Скај Спорт“.

Сега со нетрпение го очекува неговиот сонародник, менаџерот на лондонскиот клуб, Маурисио Покетино со кого разговарал изминатиот викенд.

Предноста на Тотенхем е тоа што во новата сезона ќе игра во Лигата на шампионите и е воедно актуелен европски вицепрвак. В четврток (8. август) завршува преодниот рок во Премиер лигата, веќе нема време и за ПСЖ кој исто така покажуваше интерес за играчот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот