Дибала позитивен на коронавирус

twitter.com/ForzaJuve2017

Во текот на вчерашниот ден, ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала демантира дека е позитивен на ковид-19.

– Лажни вести се дека јас сум позитивен на коронавирус. Тоа не е случај иако сум со доброволна самоилозација како и останатите – изјави вчера Дибала.

Но денеска приказната е поинаква, Пауло Дибала е позитивен на ковид-19 иако не ги чувствува симптомите.

„Сакам да ве информирам дека тукушто ги добивме резултатите од тестовите за Covid-19 и јас и Ориана сме позитивни. За среќа ние се чувствуваме супер и немаме никакви тегоби. Благодариме за пораките на поддршка и ви возвраќаме на поздравите“, напиша Пауло Дибала на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот