Дибала можете да го купите за 100 милиони евра

twitter.com/ForzaJuve2017

Јуве нема намера така лесно да се раздели со него, според „Калчомеркато”, италијанскиот шампион е подготвен да се раздели со својот фудбалер доколку се исплатени 80 милиони евра плус уште 20 во форма на бонуси.

Најновите информации од „РМЦ Спорт” во Франција се дека понуда од 50 милиони евра пристигнала во канцелариите на „Старата дама“, но истата веднаш била одбиена.

Моментно Јунајтед е фаворит за потписот на Дибала, а и самиот играч има желба да се пресели на „Олд Трафорд“.

Се шпекулира и враќање на Пол Погба во редовите на италијанскиот шампион, но Французинот сака да остане во Торино и да се бори за место во составот на Маурицио Сари.

Дибала (25) досега за Јуве имаше 128 натпревари и 57 голови, во кариерата настапуваше уште за екипите на Институто и Палермо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот