Дибала добива животен договор од Јувентус

twitter/JuventusFC

До пред една година италијанскиот шампион беше подготвен да ги послуша сите понуди за Аргентинецот, но сезонава ситуацијата драстично се промени.

Дибала заедно со Кристијано Роналдо се убедливо двајцата најдобри фудбалери на „старата дама“ и управата му подготвува нов договор.

Како што пренесува Тутоспорт, откако Дибала по втор пат ќе се опорави од коронавирусот, го чека нов и тоа каков договор.

Според Тутоспорт, Јувентус уште сега му нуди „доживотен“ договор, односно договор до крајот на кариерата.

Пауло Дибала во Јувентус пристигна од Палермо за 40 милиони евра во 2015 година и со одличните игри стана миленик на навивачите со одиграни преку 200 натпревари и постогнати речиси 100 гола.

Дибала падна во немилост кај тренерот Масимилијано Алегри минатата сезона, често ја грееше клупата и се шпекулираше со негово заминување за што беше согласна и управата.

Но, со доаѓањето на Маурицио Сари на местото на Алегри, работите се свртеа во негова корист и тој стана незаменлив дел од првиот тим на „старата дама“ сезонава.
Оваа сезона досега постигна 13 гола, три повеќе од минатата сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот