Ди Марија: Постои голема шанса Меси да дојде во ПСЖ!
Слободен печат
Пред
epa08782034 Barcelona?s Lionel Messi celebrates after scoring the 0-2 goal during the UEFA Champions Legue soccer match between Juventus FC and FC Barcelona, in Turin, Italy, 28 October 2020. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO
Многу клубови го сакаат Лионел Меси во своите редови, а моментно најблиску е ПСЖ кој има платежна моќ да му обезбеди голем договор и се чини дека веќе го подготвува „теренот“ за неговото доаѓање.
Ова го објави и фудбалерот на парискиот клуб, сонародникот на Меси и соиграч од репрезентацијата на Аргентина, Анхел Ди Марија.
– Меси? Се надевам дека ќе дојде. Постои голема шанса за тоа. Но, мора да бидеме мирни и да ги оставиме работите да одат природно – рече Ди Марија.
Договорите на Меси и Ди Марија со нивните клубови истекуваат на лето.
– Велам, треба да бидеме смирени. Во моментов се водат преговори за продолжување на соработката со Нејмар. Тој е помлад од мене, нормално е прво да разговараат со него. Ние преговараме малку по малку. Најважно е дека јас сум среќен во Париз – додаде Ди Марија.
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не.
Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат.
Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.
ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Во декември 2019 година Лидија Димова, тогашна директорка на Агенцијата за европски програми и мобилност, лично кај јавниот обвинител Љубомир Јовески поднела кривична пријава и докази за сомненија дека се злоупотребени 2,2 милиони евра европски пари од програмата за развој на образованието „Еразмус Плус“. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Година и половина подоцна …
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова во интервју за „Слободен печат“ говореше за програмата на партијата со која ќе се бара довербата од граѓаните на претстојните избори. Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber Зајкова посочи дека во креирањето на платформата биле земени предвид сите забелешки на граѓаните со кои интензивно се комуницирало во претходниот период. …