Ди Марцио: „Гранде“ Пандев пред трансфер во Интер!? (ФОТО)

twitter/pianetagenoa

Во својата професионална кариера нашиот играч ги имаше најголемите успеси токму со Интер со по една титула во Серија А и Лигата на шампионите.

Како што пренесува познатиот италијански новинар Џанлука Ди Марцио чии информации кога станува збор за трансфери се скоро точни, македонскиот репрезентативен напаѓач би можел да се врати на „Џузепе Меаца“.

Помалку изненадувачка вест со оглед на тоа што 36-годишниот Горан Пандев неколку пати најави дека има намера кариерата да ја заврши во Џенова, а тоа би можело да се случи на крајот од тековната сезона.

Ди Марцио информира дека „неро-аѕурите“ сакаат да додадат уште еден напаѓач во своите редови непосредно пред крајот на зимскиот преоден рок.

Веќе имаат неколку фантастични фудбалери кои можат многу да влијаат во борбата сезонава за Скудетото против Јувентус како Лукаку, Санчез, Мартинез, Барела, како и најновото зимско засилување Кристијан Ериксен.

Во својата професионална кариера нашиот играч ги имаше најголемите успеси токму со Интер со по една титула во Серија А, Лигата на шампионите, Суперкупот на Италија и Светското клупско првенство, и два трофеи од националниот куп.

Од 2014 година ги брани боите на Џенова и досега неговиот учинок за овој клуб е 110 одиграни натпревари и 17 голови.

„Гранде Пандев“ воедно има голема желба со македонската А репрезентација годинава и воедно кариерата да ја круниса со историско учество на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот