Ди Маио: Италија го поддржува евроатлантскиот пат на Албанија и Македонија

Фото: Принтскрин

Италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи Ди Маио, денеска беше во посета на Албанија, по силниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

Во својот говор, Ди Маио, рече дека Италија го подржува процесот на европска интеграција на Албанија и на Македонија. Според него, Италија инсистира да има позитивна одлука за почеток на преговорите за двете земји.

– Италија инсистира на потребата за позитивна одлука за двете земји и да се закаже датум за повикување на првата меѓувладина конференција, исто така и да се додели мандат на Комисијата да ја подготви рамката за преговори. Во овој дух му истакнав на Рама дека нашата желба е сите политички актери во земјата да се ангажираат за воспоставување на политичка клима која не би го попречил европскиот пат на Албанија – истакна Ди Маио.

Тој даде дека билатералните односи меѓу двете земји се одлични.

Од друга страна премиерот на Албанија, Еди Рама, се заблагодари за посетата во овие тешки мигови за земјата.

– Италија била и ќе остане прв наш партнер во економските односи, и таа земја никогаш не се штедеше во напорите за трансформација на Албанија – истакна Рама.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот