Џузепе Конте бара помош од ЕУ за надминување на корона кризата

Фото: EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре”, објавено денеска, Конте вели дека е потребен заеднички должнички инструмент за да започне европски план за закрепнување и реинвестирање за поддршка на економијата на целиот регион.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте ја повика Европската унија да издаде „обврзница за закрепнување” за да им помогне на земјите-членки во борбата против пандемијата на коронавирусот. Тој порача дека неуспехот во решавањето на вонредната состојба ќе биде „трагична грешка” на Унијата.

Во интервју за италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре”, објавено денеска, Конте вели дека е потребен заеднички должнички инструмент за да започне европски план за закрепнување и реинвестирање за поддршка на економијата на целиот регион.

Според него, користењето на Европскиот механизам за стабилност (ЕСМ) за задолжување на пазарот и евтино кредитирање на земјите под одредени услови не би бил вистинскиот одговор.

– ЕСМ е инструмент креиран да им помогне на одделни земји-членки во справувањето со финансиските проблеми предизвикани од асиметрични шокови, рече Конте.

Тој додаде дека епидемијата на вирусот Ковид-19, сепак, е удар за цела Европа.

– Ако Европа не покаже дека е дорасната за овој историски предизвик, целата европска структура ризикува, пред очите на нашите граѓани, да ја изгуби причината за своето постоење, истакна италијанскиот премиер.

Лидерите на ЕУ на самитот во четвртокот не успеаја да постигнат договор за заеднички економски одговор на вирусот, а на официјалните претставници на Еврозоната им беа дадени две недели да најдат начин за поддршка на економијата на 19 -те земји членки за време на епидемијата.

Девет земји членки, вклучително и Италија, Франција и Шпанија, се залагаат за издавање на заеднички должнички хартии од вредност, а на тоа се противат Германија, Холандија, Австрија и Финска. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот