Џулијани ја напушти болницата за само четири дена и „чудесниот ” третман со Ремедисивир што го доби и Трамп

epa08702733 Rudy Giuliani, Former New York City Mayor and lawyer for US President Trump, listens as US President Donald J. Trump holds a news briefing at the White House in Washington, DC, USA, 27 September 2020. EPA-EFE/Chris Kleponis / POOL

Руди Џулијани, личниот адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска изјави дека добил „чудесен” третман за коронавирусот што му овозможи да ја напушти болницата по само четири дена, јави ДПА.

„Мојот третман од страна на медицинските сестри и персоналот во болницата „Џорџтаун Мед Стар” беше чудесен. Таму влегов со сериозни симптоми, а излегов подобро од кога и да било порано”, соопшти Џулијани на Твитер.

Германската агенција наведува дека Џулијани, како што самиот изјавил за едно радио, добил експериментална терапија со антитела и лекови како и ремедисивир, односно истиот коктел што го добил и Трамп за време на неговото лекување од коронавирусот, во октомври.

Поранешниот градоначалник на Њујорк, кој ги водеше правните постапки на претседателот за поништување на резултатот од претседателските избори во ноември, изјави дека неговиот статус на „славна личност” резултирал во подобра грижа.

Трамп во неделата соопшти дека Џулијани е позитивен на коронавирус.

Џулијани (76) е последниот од најблискиот круг на луѓе околу Трамп кој може да се пофали со експерименталниот третман за коронавирус, што е недостапен за огромното мнозинство Американци. Истата грижа ја добија и секретарот за домување Бен Карсон и поранешниот гувернер на Џу Џерси, Крис Кристи.

САД, во меѓувреме, се борат со рекордни бројки на новозаразени со коронавирус, хоспитализации и смртни случаи, оптоварувајќи го здравствениот систем низ целата земја.

САД, додава ДПА, вчера регистрираа повеќе од 3.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот, што е највисока вкупна бројка во еден ден досега.

Извор.МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот