Џулијана Маргулис: Среќна сум што никогаш не започнав љубовна врска со Џорџ Клуни

Instagram
Instagram

Џулијана Маргулис, актерката која ја играше улогата на медицинската сестра Керол Хатавеј во серијата „Ургентен центар“ и глумеше заедно со Џорџ Клуни, изјави дека никогаш не била во емотивна врска со актерот.

Од 1994 до 2000 година, медиумите активно ја следеа нивната приказна, сепак и покрај хемијата што очигледно ги врзуваше, актерското дуо никогаш не биле љубовен пар во приватниот живот.


Неодамна, како гостин на подкастот на Дакс Шепард („Armchair Expert“), Џулијана истакна дека романсата меѓу нив никогаш немала да биде успешна и дека е благодарна што никогаш не се обиделе да започнат љубовна врска.

„Честопати се шегувавме дека, фала му на Бога, никогаш не се случи ништо меѓу нас. Затоа сега можеме да се дружиме“, рече таа, осврнувајќи се на некои колеги кои сè уште ги надминуваат емоциите и романсите од минатото.


„Потоа, тие главно се мразат, а сепак мора да работат заедно на некои проекти. Тоа е агонија, а животот е краток“, додаде актерката.


Што се однесува до нив двајца, според нејзината приказна, навистина постоеле симпатии, но никогаш „не отишле чекор подалеку“ од искреното пријателство.

„Беше во ред што имаше симпатии, не ни пречеше, а покрај тоа, тој е прекрасно човечко суштество и јас навистина го сакам“, заклучила актерката за Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот