Џулија Робертс го покажа фустанот што требаше да го носи на Мет галата и прослави со чаша шампањ во тоалетот! (ФОТО)

Profimedia

Иако требаше да биде одржана на 4 мај, оваа година елитната Мет гала 2020 е одложена на неодредено време.

Поради пандемијата од коронавирусот, гала забавата нема да се одржи, посебно бидејќи во Њујорк, местото каде традиционално се случува настанот секоја година, е едно од најпогодените во САД.

Инаку, темата на забавата веќе долго време беше позната, а станува збор за женската мода во последните 150 години. Инспирацијата потекнала од писателката Вирџинија Вулф и филозофот Анри Бергсон.

Instagram

Една од дамите кои долго врме го планираа своето доаѓање на Мет галата е и славната актерка Џулија Робертс. Таа се сликала во својата бања држејќи чаша шампањ во раката, со поглед кон улиците во Њујорк, токму во црно-белата тоалета со која планирала да дојде.

„Еве ме мене, но не идам на бал вечерва“, напишала актерката покрај сликата.

Некои од колешките веднаш ја коментираа нејзината фотографија, а Рита Вилсон, сопругата на Том Хенкс откри дека нејзината комбинација за балот се состои од „прекрасни пижами и папучи со туфни“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот