Џудо-тренерот од Прилеп барал да сведочи на полиграф, не му дозволиле

Четириесет и шестгодишниот тренер по џудо од Прилеп, Р.П, е во триесетдневен притвор во битолскиот затвор, затоа што се товари дека обљубил петнаесетгодишно девојче на кое му бил тренер.

Притвор за тренер по џудо за силување на ученички​ во Прилеп, злосторот траел со месеци

Адвокатот на осомничениот, Жарко Стеваноски побарал тренерот да сведочи на полиграф, но истражните органи не дозволиле.

-Јавното обвинителство укажа дека за тоа ќе одлучи во понатамошниот тек на постапката иако за вакво обвинение кое засега се заснова само на искази е повеќе од потребно заради правилно насочување на истрагата. Полиграфското тестирање се применува во истрагата како средство за правилно насочување на истрагата. А не претставува доказ во постапката, изјави Стеваноски за „Слободен печат“.

Неофицијално, откако Јавното обвинителство покрена постапка за едно од девојчињата, се пријавиле уште две со слични обвинувања, дека наводно тренерот ги допирал и љубел, влегувал во соблекувалната после тренинзите без најава во Прилеп, но и на службено патување надвор од градот.

„Слободен печат“ дознава дека дел од ученичките тренирале џудо кај истиот тренер со години, имале заеднички медиумски настапи за државни и меѓудржавни спортски успеси.

Според обвинението, осомничениот Р.П како тренер по џудо, во текот на осум месеци, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места заради задоволување на полови страсти со злоупотреба на својата положба извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години. Станувало збор за ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување.

Џудо федерацијата на Македонија објави дека на уапсениот тренер обвинет за силување на малолетнички пред една година му е одземена лиценцата

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот