Џудо партнерката на Путин освои сребрен медал на СП (ВИДЕО)

фото: профимедиа

Кузјутина, популарната жена-змај, во категоријата до 52 килограми го освои второто место откако во финалето загуби од домашната натпреварувачка, Уте Абе.

Интересно е што 30-годишната Наталија стана првата руска џудистка која освоила сребрен медал на Светските првенства по точно 30 години. Наталија Кузјутина за настапот на СП во Јапонија се подготвуваше со рускиот претседател Владимир Путин кој е носител на црн појас во џудо.

За време на подготовките со претседателот Путин, таа успеа дури и да го собори на земја, а снимката од нивниот тренинг веднаш стана хит на интернет и на социјалните мрежи.

„Ви благодарам претседателе Путин што по тешки и сложени преговори на самитот, пронајдовте време за квалитетна обука. Мило ми е што бев ваш спаринг партнер“, изјави Кузјутуна.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот