Џошуа за реваншот со Руис ќе инкасира неверојатни 85 милиони долари

twitter/Anthony Joshua

Ентони Џошуа и Енди Руиз во сабота (7 декември) ќе го имаат долгоочекуваниот реванш во тешка категорија, а борбата ќе биде четврта „најбогата“ во историјата на боксот.

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа за борбата ќе инкасира неверојатни 85 милиони долари, со што ќе стане најдоброплатениот британски боксер во историјата. Руиз кој во првата борба го нокаутира Џошуа во седмата рунда, ќе заработи 13 милиони долари.

– Иако станува збор за голема сума на пари, кога ќе се одбијат парите за данок и ќе се платат тренерите и спаринг партнерите, сумата не изгледа толку голема. По секоја борба остануваат 30-40 проценти од средствата – вели Џошуа.

Рекордите во најголема заработка ги држи Американецот Флојд Мејведер, тој доби 250 милиони долари за тоа што му одржа лекција по бокс на УФЦ ѕвездата, Конор Мекгрегор. Втората најголема исплата повторно е на Мејведер кој за победата над Ману Паквајо доби 180 милиони долари, додека поразениот филипински боксер си заработи дури 120 милиони долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот