Џошуа и Фјури договорија боксерски спектакл

фото: твитер

Боксерите веќе некое време се обидуваа да постигнат договор за борба во која победникот би ги обединил сите светски титули, а сега тој чекор е направен.

Ентони Џошуа и Тајсон Фјури договорија две борби, потврди Еди Харн, шеф на „Matchroom Boxing“ и и претставник на Џошуа.

Боксерите веќе некое време се обидуваа да постигнат договор за борба во која победникот би ги обединил сите светски титули, а сега тој чекор е направен.

Напредуваме, има уште многу да се реши. Треба да се избере место и датум. Постигнат е договор околу финансиските детали – рече Харн.

Фјури требаше да влезе во рингот по третпат годинава против Дионтај Вајлдер, а сега изгледа дека ќе се случи тоа во октомври. После таа борба, Фјури ќе се соочи против Џошуа.

Харн воедно вели дека е логично Фјури и Џошуа да ги одмерат силите во Велика Британија, но поради големиот број на светски понуди, можно е овој спектакл да се организира и на друго место.

Џошуа ги има ИБФ, ВБО и ВБА појасите, додека Фјури е сопственик на шампионскиот појас во ВБЦ, така што победникот ќе ги обедини сите титули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот