Џорџија ги отвори фризерските салони и салите за вежбање, а Трамп се спротистави

epa08380808 A closed hair salon in Decatur, Georgia, USA, 23 April 2020. Many businesses do not appear ready to reopen, despite Georgia Governor Brian KempÕs order allowing hair salons, tattoo parlors, exercise facilities and similar businesses to reopen 24 April. The spread and containment efforts of the coronavirus COVID-19 pandemic has caused disruptions to daily life across the globe. EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кината и рестораните ќе бидат отворени во понеделник. Во Џорџија има повеќе од 21.800 случаи на инфекција со коронавирусот и над 880 смртни случаи, при што многумина ја критикуваат оваа одлука како „неодговорна“ и опасна.

Американската држава Џорџија денеска отвори некои економски сегменти на иницијатива на гувернерот и покрај епидемијата на коронавирус, која досега однесе повеќе од 50.000 животи, а тоа наиде на неодобрувањето на здравствените експерти, па дури и од Доналд Трамп, кој ја нарече одлуката „прерана“.

Гувернерот Брајан Кемп, кој е постојан поддржувач на американскиот претседател, одлучи да дозволи отворање на спортските сали, куглани, салони за тетоважи, фризери, салони за убавина и маникир, притоа почитувајќи ги правилата на физичкото дистанцирање и ограничениот број клиенти.

Кината и рестораните ќе бидат отворени во понеделник. Баровите и ноќните клубови остануваат затворени засега, до 1 мај, кога завршуваат ограничувањата  ограничувањата за движење во таа држава на југоистокот на земјата.

Во Џорџија има повеќе од 21.800 случаи на инфекција со коронавирусот и над 880 смртни случаи, при што многумина ја критикуваат оваа одлука како „неодговорна“ и опасна.

-Некои сакаат да го жртвуваат својот живот во име на економијата, а тоа е неприфатливо- рече градоначалничката на Атланта, Кеиша Ленс Ботмс.

-Не е неопходно да се оди на куглање или на маникир додека трае пандемијата, истакна таа.

-Бројот на заразени лица не се намалува, а илјадници и илјадници луѓе се позитивнина вирусот. Смртноста е во пораст- ​​предупреди таа.

Дури и Трамп се спротивстави на одлуката за покренување на економијата во Џорџија

Џорџија не го почитува планот на Белата куќа за постепено започнување на оваа активност.

Дури и Доналд Трамп, кој е поборник за побрзо покренување на економијата, напиша на Твитер во дека никогаш не му кажал на „во ред“ на гувернерот, Брајан Кемп за отворање на тие диќани.

-Салоните за убавина, теретаните и салоните за тетовирање треба да почекаат, додаде тој, прецизирајќи дека му рекол на гувернерот да го направи она што им треба за жителите на Џорџија.

Џорџија е првата држава која започна со отворање, иако Оклахома денеска отвори некои продавници. Флорида минатиот петок започна да им дозволува на луѓето да одат на плажа, а Јужна Каролина започна да ги ублажува ограничувањата во понеделникот.

Новиот коронавирус уби повеќе од 50.000 луѓе во САД, при што повеќе од 850.000 се заразени.

Њујорк е во фокусот на епидемијата, но се чини дека го помина најлошото.

Доналд Трамп минатата недела рече дека е време Америка повторно да се покрене, давајќи им можност на секој гувернер да донесе своја одлука за својата сојузна држава со оглед на тежината на ситуацијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот