Џорџ Сорос со порака за Закерберг: Време е да се повлечеш

Џорџ Сорос / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Познатиот бизнисмен Џорџ Сорос смета дека првиот човек на Фејсбук директно му помага на Доналд Трамп повторно да биде избран за американски претседател.

Тој побара од Марк Закерберг и Шерил Сендберг да се повлечат од функцијата.

Во писмо до весникот „Фајненшл тајмс“ наведе дека одбивањето на Фејсбук да ги отстрани политичките реклами му помага на Доналд Трамп повторно да биде избран за претседател на Америка.

Писмото е објавнео пред посетата на Закерберг на Европа, за време на која од челниците на Европската Унија ќе побара поблага законска регулатива.

Предлозите на Закерберг наидоа на млака реакција во Европа. Тој сака да ја промени сегашната регулатива која се однесува на штетните содржини на интернет платформите.

Тијери Бретон, европскиот комесар за индустрија, рече дека ЕУ нема да се прилагодува на компанијата, туку компанијата треба да се прилагоди на нивните правила.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот