ЏОРЏ КЛУНИ ЗАГРИЖЕН: Не сакам нашите деца да станат мета

instagram

Славниот холивудски актер Џорџ Клуни смета дека животите на неговото семејство се во голема опасност поради работата на неговата сопруга Амал.

Адвокатката Амал Клуни не се откажува од својата борба за правата на жените кои се жртви на силување од страна на припадниците на екстремистите на Исламската држава.

Клуни во едно од своите последни интервјуа открил дека ја подигнале безбедноста на дневна основа откако Амал продолжила со работата.

Амал на францускиот суд ќе се најде на спротивната страна на обвинет од ИСИС, па поради тоа глумецот е загрижен за безбедноста на неговите деца.

„Не сакаме нашите деца да станат мета, затоа внимаваме на секој детаљ. Имам прекрасна жена и две прекрасни деца, но ми недостасува приватноста со нив да можам да шетам во Централ парк“, рекол Клуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот