ЏОРЏ КЛУНИ воодушевен од своите преслатки БЛИЗНАЦИ: На само 2 години знаат нешто што јас се уште не сум го научил

profimedia

Славниот холивудски актер Џорџ Клуни се разнежни раскажувајќи за своите двегодишни близнаци и се пофали како неговите деца во тие години знаат многу работи.

Близнаците на Клуни, кои му ги роди сопругата Амал, Александер и Ела, следниот месец полнат две години, а актерот едноставно ја обожава и ужива во улогата на татко.

„Тие се добри и среќни деца. Многу се смеат, постојано прават некои итроштини, ставаат путер од кикирики во чевлите и слично. Иако се близнаци, карактерно се сосема различни, тие се паметни и забавни деца. Веќе ја знаат целата абецеда на англиски и италијански јазик. Јас дури ни на англиски не ја знам цела“, нагласи актерот.

Клуни проговори и за својата убава сопруга Амал.

Освен близнаците, Клуни се пофали и својата сопруга Амал, која постигнува неверојатни резултати работејќи на унапредувањето на човековите права како адвокатка, но совршено балансира со деловниот и приватниот живот.

profimedia

„Таа го води случајот ИСИС на суд, што никој досега не го направил. Покрај целата своја работа, таа е и неверојатна мајка и сјајна сопруга. Се чувствувам како да сум добил џекпот“, изјави Клуни.

Среќниот пар е во брак од 2019 година, а родители станаа три години подоцна. Деталите од приватниот живот не сакаат често да ги изнесуваат во јавноста, иако важат за еден од омилените брачни парови во светот на шоубизнисот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот