Џорџ Клуни со нов филм на „Netflix“: Покрај приватните предизвици „Тhe Midnight Sky“ е неговото големо враќање

Instagram
Instagram

Иако во јавноста се проширија шпекулации дека двојката има сериозни проблеми во врската и повеќе не можат да се договорат за ништо, сепак никој не знае што точно се случува со Џорџ (59) и Амал (42).

Instagram

Џорџ долго време беше заробен во несреќен брак и сега се чувствува подготвен да започне ново поглавје во неговиот живот“, изјавил извор близок до двојката и додал дека овој пат веројатно ќе биде нивниот крај. Амал, и покрај проблемите, не сака да дојде до развод и дека се чувствува понижена поради неговата желба да го прекине бракот.

Instagram

Ако го тргнеме настрана нивниот приватен живот, ќе видиме дека тие се целосно посветени на своите професионални ангажмани.

Instagram

„Netflix“ го објави трејлерот за филмот „The Midnight Sky“ – адаптација на романот на Лили Брукс-Далтон „Good Morning, Midnight“. Пост апокалиптична приказна што го следи Августин, осамен научник на Арктикот (Клуни), додека тој се натпреварува со времето да запре група астронаути да се вратат дома во услови на мистериозна глобална катастрофа.

Покрај улогата на Августин, Клуни е и режисер на филмот. Покрај Клуни, во филмот играат и Дејвид Ојелово, Кајл Чендлер, Демијан Бичир и Тифани Бун.

Instagram

Во интервју за „Vanity Fair“, Клуни го опиша филмот како нешто помеѓу филмот „Gravity“ и „The Revenant“.

Instagram

Инаку, Клуни беше еден од најплатените актери во светот за 2018 година, иако претходната година немаше снимено ниту еден филм.

Instagram

„The Midnight Sky“ треба да биде достапен на „Netflix“ од 23 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот