Џорџ Клуни поставува рекорди: „Полноќно небо“ се најде меѓу најгледаните филмови на сите времиња

принтскрин/Youtube

Дел од критичарите сметаат дека пресудно за успехот на „Полноќно небо“ е самиот Клуни, кој уживајќи го статусот на голема ѕвезда, на одличен начин го искористи периодот на отсуство. За другиот дел на рецензентите, пресудно било тоа што филмот беше пуштен за време на празничната пауза

Најновиот филм на Џорџ Клуни, „Полноќно небо“, каде тој ја толкува главната улога, но воедно е и режисер, за кратко време стана еден од најгледаните филмови на Нетфликс на сите времиња.

Според објавената статистика, овој филм е најгледан во изминатиот период во дури 77 земји.
Стриминг-услугите не биле секогаш искрени во однос на бројот на гледачи. Неодамна публиката почна да добива податоци за филмовите што се наоѓаат на високите места. За разлика од киноблагајните, стриминг-услугите не кажуваат колку заработуваат нивните филмови и колку гледачи го избрале филмот. Сепак, понекогаш внатрешни извори успеваат да достават информации за тоа што се случува „зад завесата“. Во случајот со филмот на Клуни, веб-страницата „Дедлајн“ информира дека дури 72 проценти домаќинства во САД го гледале филмот во текот на првиот месец. Овој податок го става филмот на Клуни на шестото место на листата со најгледани филмови на сите времиња на платформата.

Ако се прашувате зошто Џорџ Клуни го нема веќе подолго време, тој во интервјуа изјави дека не бил заинтересиран за филмовите што сега ги создава Холивуд. Со оглед на тоа што долго време е на телевизија и глумел во филмови, Клуни успеал да го рафинира својот вкус, па знае што сака. Позаинтересиран е да ја брка сопствената визија како режисер, актер и продуцент.
Според рецензентите, стилот на режирање на Клуни е поврзан со поставување атмосфера и расположение. Клуни сака да снима големи празни места и сака да се задржува на неговите кадри.
Филмот на Клуни е базиран на книгата на Лили Брукс-Далтон „Добро утро, полноќ“.

Станува збор за апокалиптична приказна за искупување. Филмот доби прилично измешани рецензии.

Дел од критичарите сметаат дека пресудно за успехот на „Полноќно небо“ е самиот Клуни, кој уживајќи го статусот на голема ѕвезда, на одличен начин го искористи периодот на отсуство. За другиот дел на рецензентите, пресудно било тоа што филмот беше пуштен за време на празничната пауза, кога луѓето од најголемиот дел од светот се слободни и времето го поминуваат пред телевизор. Сепак, филмот е одличен и заслужува да биде погледнат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот