Џорџ Клуни наполни 60 години: Подобро тоа отколку да си мртов!

Instagram
Instagram

Еден од најголемите холивудски заводници, Џорџ Клуни, денес наполни 60 години. Неколку дена пред неговиот роденден, во интервју за „Entertainment Tonight“, тој изјавил дека нема да има ништо од прославата на роденденот.

Судејќи според неговата изјава, тој не е воодушевен што ќе зачекори во седмата деценија од својот живот.

„Што се однесува до мојот 60-ти роденден, слушај, не сум возбуден за тоа, но тоа е подобро отколку да си мртов“, изјавил Клуни.

Во продолжение на разговорот, тој зборува за тоа како ги учи своите близнаци за вредностите на хуманитарната работа.

„Тие се уште немаат ниту четири години, па затоа не го разбираат тоа. Моите деца секогаш, кога земаат играчка, велат „Ова е за сиромашни луѓе“. Им велам Ајде да ја ставиме во корпа и да го однесеме на сиромашните. И тогаш на нивните лица гледам дека се шокирани од таа реалност“, рече актерот.

Тој исто така изјавил дека неговите родители му ја всадиле важноста на хуманитарната работа учејќи го дека најважно во животот е да им се спротивставува на луѓето кои се на власт и да им помагаат на луѓето кои не се на власт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот