Џорџ и Амал Клуни водат борба за старателството на децата!

профимедиа

За разводот на познатиот пар Џорџ (59) и Амал Клуни (42) се шпекулира во светските медиуми уште од почетокот на мај, а едни од причините за разводот се конфликтите и несогласувањата кои се случувале за време на карантинот.

Џорџ и Амал се во брак повеќе од пет години, а порталот Entertainment Times пишува дека парот овој период го поминува по судовите водејќи борба за старателството на тригодишните близнаци Александар и Ела.

EPA-EFE/LAUREN HURLEY

Гласините за тоа дека Џорџ не е среќен во бракот со својата помлада сопруга станаа почести, а најголемите несогласување настанале кога започнала дискусијата за место на живеење.

Адвокатката сакала животот да го продолжат во Велика Британија, а пак холивудскиот актер се гледал себеси со семејството само во Лос Анџелес.

Различните размислувања довеле до разделба, а според гласините тие веќе некое време живеат одвоено. Токму тоа им претставува проблем на децата, што било и поводот за одењето на суд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот