Џорџ Буш: Убиството на Флојд е шокантен неуспех во борбата против расизмот

Буш рече дека тој и неговата сопруга се вознемирени од „бруталното гушење“ кое доведе до смртта на Флојд.

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш изјави дека убиството на Џорџ Флојд го отсликува „шокантниот неуспех“ кога е расизмот во прашање во земјата и повика на уважување на пораките на демонстрантите, пренесува „Ројтерс“.

– Единствен начин да се видиме себеси во вистинско светло е да го слушнеме гласот на големиот број на луѓе кои се повредени и се во жалост – наведе Буш во соопштението.

– Оние кои ги замолчуваат тие гласови не знаат што значи Америка, или како може таа да стане подобро место – изјави поранешниот претседател на САД, не именувајќи го Трамп, кој застапува потполно поинаков пристап и мислење на оваа тема.

Трамп подоцна на Твитер ги пофали надлежните органи поради доминацијата и употребата на сила во Вашингтон.

Буш рече дека тој и неговата сопруга се вознемирени од „бруталното гушење“ кое доведе до смртта на Флојд.

– Ова е последен инцидент во кој е убиен Афроамериканец од страна на полицаец белецл а поставува загрижуваќчки прашања со кои мораме да се соочиме – истакна поранешниот американски претседател.

– Ова е трагедија, во долгата низа на слични трагедии – се поставува прашањен а кое се уште немаме одговор: Како да ставиме крај на системскиот расизам во нашето општество – заклучи Буш.

Поранешниот американски претседател и на социјалните медиуми го сподели својот став околу смртта на Џорџ Флојд.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by George W. Bush (@georgewbush) on

ПОГЛЕДНЕТЕ:

Американците со поддршка за протестите, 55% се против начинот на кој Трамп се справува 
со кризата (ГАЛЕРИЈА)

Гневот од САД се пресели во Европа: Демонстрации во Париз против расната неправда и полициската бруталност (ФОТО+ВИДЕО)

Потресен говор на мајката на шестгодишната ќерка на Џорџ Флојд: Тој никогаш нема да ја види како расте (ВИДЕО)

Ким Кардашијан сака да го плати лекувањето на девојката застрелана на протестите за 
Џорџ Флојд (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО)

Братот на Џорџ Флојд повика на мирни протести: Јас не дојдов овде да дивеам (ФОТО+ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот