Џордан во животот се плашеше од само една личност

Документарниот филм „Последниот танц“ го врати Мајкл Џордан во центарот на вниманието на јавноста, а младите кошаркарски фанови имаат можност да проследат дел од мајсториите на најдобриот кошаркар во историјата.

Џордан на теренот беше вистински „убиец“ кој не се плашеше од ништо иако во 1980-тите и 1990-тите во НБА се играше најцврстата одбрана.

Според соиграчот од Универзитетот Северна Каролина, Баз Петерсон, Мајкл Џордан немал страв од никого освен од една личност. Тој не е кошаркар, а подоцна стана вистинска НФЛ легенда и еден од најдобрите дефанзивци во лигата протиа освојувајќи два Супер боул пехари и три пати беше биран за дефанзивец на годината.

Тејлор во 1981 година ја напушти Северна Каролина и потпиша за Њујорк џајантс, но секое лето се враќаше на Универзитетот каде обожуваше да игра кошарка и тоа против Џордан.

– Не знам дали Џордан ќе го признае ова или не, но се колнам дека му беше страв од Лоренс кој дури не беше ниту кошаркар. Лоренс Тејлор беше неверојатен спортист, беше многу брз, можеше да скока и да чува секого. Имаше големи раце, беше силен и на крајот беше малку луд. Мајкл кога играше против него си мислеше: Стање, подобро е да бидам внимателен со овој човек. А Тејлор речиси секогаш го чуваше Мајкл – изјави Петерсон, кој сега работи како помошник на генералниот менаџер во Шарлот хорнетс, тимот кој е во сопственост токму на Џордан.


 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот