Џордан во кариерата само еднаш играше со дресот со број „12“, конечно е откриена причината (ВИДЕО)

twitter/nba.com

Првата асоцијација кога некој ќе го спомене името на Мајкл Џордан, се три работи, Чикаго булс, шест титули во НБА и бројот 23.

Токму тој број е синоним за Џордан, но во НБА кариерата има настапувано и со уште други два броја.

Едниот е дресот со број „45“ кој Џордан го носеше по враќањето од пензија или поточно двегодишната бејзбол авантура. Бидејќи во 1995 година, среде сезона одлучи да се врати на кошарката, Џордан  поради правилата на НБА не можеше да ја носи омилената „23“.

Вториот е „12“ и тој го носеше само на еден натпревар на кој дури ни најголемите познавачи и фанови, тешко дека ќе се сетат, а сега конечно е откриена мистеријата зашто тоа се случи.

На 14. февруари 1990 година Чикаго му гостуваше на Орландо меџик, но помеѓу утринскиот тренинг на Чикаго и вечерниот натпревар, од соблекувалната го снемало неговиот дрес.

Очекувано, Џордан бил бесен кога дознал за ова, а дури и официјалниот спикер во салата пред натпреварот ги праша гледачите дали некој носи дрес на Чикаго со број „23“. Молбата на спикерот не беше прифатена и Џордан мораше да игра со единствениот достапен дрес, тоа беше дресот со број „12“.
Џордан својот бес го искали на теренот, постигна 49 поени, но на крајот Орландо славеше со 135.129.

По дури 30 години, Орланди меџик објави видео во кое објаснува како со снема дресот на Џордан од соблекувалната.

– Тоа утро по шутерскиот тренинг на Чикаго, нивната соблекувална беше средена, сите дресови и опремата беа наместени. Соблекувалната потоа се заклучи и на неа беше ставен катанец, а клучот го имаше само една личност – зборува Родни Пауел, тим менаџерот на Орландо.


Но, по доаѓањето во соблекувалната околу 16.30 часот, дресот на Џордан не бил во неговиот ормар.

– Неколку дена подоцна се откри дека еден човек од обезбедувањето направил план како да дојде до дресот. Влегол преку друга соблекувална и преку плафонот влегол со соблекувалната на Чикаго и го земал дресот на Џордан. Претпоставувам дека тоа го планирал со денови и мислел дека никој нема да открие – објаснува Пауел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот