Џордан прсна од смеа на тврдењата дека бил „успорен“ во финалето од еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња (ВИДЕО)

Седмата и осмата епизода од „Последниот танц“ повторно во фокусот на јавноста во САД.

Во осмата епизода од документарниот филм посветен на Мајкл Џордан и неговите Чикаго булс, се зборуваше за финалето од 1996 година кога „биковите“ играа против Сиетл суперсоникс.

Чикаго по првите три натпревари од големото финале водеше со чисти 3:0 против Сиетл кој беше предводен од Шон Кемп и еден од најдобрите дефанзивци на сите времиња, Гери Пејтон.

По трите порази, тренерот на Сиетл, Џорџ Карл одлучи да ја смени тактиката и го задолжи Пејтон да го чува Мајкл Џордан. Во наредните два натпревари Сиетл успеа да слави на домашен терен и ја намали предност на Чикаго на 3:2 во победи во серија кој прв до четири триумфи.

Луѓето од страв се тргаа на страна од Џордан, но јас не. Одлучив дека ќе го изморам. Постојано го удирав и го туркав и тоа ни донесе резултат. Серијата се смени. Жалам што не го направив тоа порано. Не знам дали конечниот исход од финалето ќе беше поинаков, но верувам дека резултатот ќе беше поинаков доколку го удирав од почетокот – зборува Пејтон, а Мајкл Џордан во неколку наврати додека го гледаше видеото прсна од смеа.

– Ракавицата (прекарот на Пејтон). Немав никакви проблеми со Гери Пејтон. Имав многу други работи на ум во тоа финале – гласеше одговорот на Џордан.

Чикаго успеа да победи во шестиот натпревар и да триумфира со 4:2 во победи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот