Џордан после осум години ја доби најтешката судска битка!
НБА легендата во 2012 година ја тужеше кинеската фирма „Киаодан Спортс“ за копирање на легендарното лого, брендот на легендарниот кошаркар.
Врховниот народен суд во Кина пресуди во корист на „летечкиот“. После осум години правна битка Мајкл Џордан доби пресуда во своја корист, во корист на неговата компанија, која ја тужеше кинеската фирма „Киаодан Спортс“ за копирање на легендарното лого, брендот на легендарниот кошаркар.
Во Кина, но и пошироко, споменатата компанија има широка мрежа за продажба на спортска облека со лого кое не е исто, но многу слично на она што ја користи и компанијата на Џордан, и така доведе до забуна кај многу луѓе кои купуваат од американскиот производител.
Тоа беше и причина поради која компанијата на Џордан во 2012 година поднесе тужба, а на епилогот се чекаше дури осум години пред Врховниот народен суд на Кина.
? Były gwiazdor koszykówki Michael #Jordan odniósł niewielkie zwycięstwo w swojej długoletniej walce prawnej z chińską firmą odzieżową Qiaodan Sports. / @Jumpman23 #SportsBiz
➡️https://t.co/17tPui00rQ pic.twitter.com/lvotkzTRum— SportMarketing.pl (@spm_pl) April 10, 2020
After 8 years, Michael Jordan finally won his legal fight against Qiaodan, the Chinese company that ripped off his name and logo. https://t.co/KXbcVkFkfd
— Jeremy Goldkorn (@goldkorn) April 13, 2020
– Пресуда, која беше изречена на највисоката судска инстанца, беше донесена не само за да се заштити името на Мајкл Џордан во Кина, туку и да се заштитат стандардите кои постојат во Кина кога станува збор за вакви спорови – рече Канг Ликсија, адвокат кој ја претставуваше фирмата на Џордан.
„Киаодан Спортс“, сепак, ќе има право да продолжи и во иднина да го користи истото лого како и досега, со силуета на кошаркар слична на логото на Џордан, и како што тврдат правниците, борбата во судниците меѓу двете компании сигурно ќе продолжи и во иднина.
Џордан инаку во 2016 година, веќе доби еден спор со кинеската компанија, затоа што го користеше истиот потпис кој го користи и фирмата на славниот кошаркар за своите производи, па подоцна мораше да го менува, и тоа го стори така што останува скоро ист, само фонтот е различен.