Џордан откри кој за него е најдобар европски кошаркар во НБА

EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Најдобриот кошаркар во историјата и сопственик на Шарлот хорнетс, се дружеше со новинарите во Париз.

Мајкл Џордан и неговиот Шарлот хорнетс викендов престојуваат во Париз како дел од идејата на НБА лигата, што повеќе натпревари од регуларниот дел да се играат ширум светот. Шарлот загуби од Милвоки бакс со 103:116, но европските новинари повеќе ги интересираше Мајкл Џордан, отколку актуелните ѕвезди на двете екипи.

– Одамна бев во Париз, но се сеќавам на се. Среќен сум што сум повторно тука и тоа на НБА натпревар – изјави Џордан, кој последен во францускиот град беше 1997 година на „Мекдоналдс турнирот“ со неговиот Чикаго булс играше против Олимијакос.

Новинарите ги интересираше неговото мислење за еден од најдобрите кошаркари на денепшницата, Леброн Џејмс, кого постојано го споредуваат токму со Џордан.

– Играме во различни ери. Леброн е неверојатен и јас сум негов голем фан. Остави длабока трага во НБА и во кошарката воопшто. Сепак, не треба да се споредуваат различни периоди.

Неизоставна тема на прес конференцијата беше и влијанието на европските кошаркари во НБА.
– Би кажал дека донесоа разновидност во играта и го проширија стилот на игра, што сметам дека е многу добро за НБА. Не форсираат нас Американците да играме поразновидна кошарка. Тоа е нешто што европските кошаркари не научија – рече Џордан.

Најголема мака при одговорањето на прашањата, Летечниот Мајкл имаше кога од негобеше побарано да ги наброи петте најдобри европски кошаркари кои играле во НБА лигата.

– Број е Тони Кукоч и сите знаат зошто. Потоа Дражен Петровиќ, Арвидас Сабонис. Мислам дека мора добро да размислам и да поминам низ целата листа на фантастични кошаркари во НБА. Европјаните оставија голем белег во НБА и навистина ми е тешко да ставам еден играч пред друг. За тоа ќе ми биде потребно повеќе време – изјави Џордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот