Џордан одби да заработи 100 милиони долари за два часа!

Иако неговата кариера е завршена, името Џордан и натаму привлекува и прима бројни спонзорски понуди..

Дејвид Фалк, менаџер на Мајкл Џордан веќе 35 години, откри како еден од најголемите НБА кошаркари одби една неверојатна спонзорска понуда.

Легендата на Чикаго Булс која деновиве е актуелна тема благодарение на неговиот документарец „Последниот танц“, одамна ја помина заработката од една милијарда долари.

Неговата доживотна поврзаност со „Најк“ одамна документирана, а и сега најголемиот производител на спортска опрема во светот заработува неверојатни пари.

Џордан е исто така сопственик на Шарлот Хорнетс, практично обезбедувајќи го неговиот неспорен статус како гигант на светскиот спорт.

Иако неговата кариера е завршена, името Џордан и натаму привлекува и прима бројни спонзорски понуди, но поради постојаните заработки, тој нема проблем да одбие и некои навистина неверојатни.

Пред три години, му дадов понуда за спонзорство од 100 милиони долари, единствениот услов беше што тој да се појави на двочасовен настан за официјално да го објави договорот. Секако, со давање на правата на своето име и дело. Тој рече „Не, благодарам“ – се зборовите на долгогодишниот менаџер на Џордан, Фалк, кој ја следеше целата професионална кариера на Мајкл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот