Џордан конечно ја откри тајната зашто во финалето играше со висока температура

Легендарниот кошаркар конечно го разби митот за неверојатниот петти натпревар во финалето против Јута џез во 1997 година.

Џордан тогаш во последните моменти од натпреварот го погоди шутот за три поени и му донесе триумф на неговиот Чикаго Булс за предност од 3-2 во големото финале. Чикаго во наредниот натпревар ја совлада Јута и ја освои титулата во НБА лигата, која во тие моменти беше петта во клупската историја.

Петтиот натпревар од тоа финале, за љубителите на НБА лигата и за експертите е познат како „грип натпревар“ бидејќи Џордан веднаш по победничкиот поен падна во рацете на Скоти Пипен и со негова помош го напушти теренот.

Долги години се веруваше дека Џордан имал настинка или грип па поради тоа бил исцрпен и натпреварот го одигра со висока температура. Самиот кошаркар во последните епизоди од „Последниот танц“ конечно ја открива вистината за неговата здравствена состојба.

– Бевме во хотелот, а јас бев многу гладен. Во тие моменти се појавија пет доставувачи на храна, сите сакаа да го видат Џордан. Изедов цела пица, никој друг не проба од неа. За време на ноќта се разбудив и постојано повраќав. Значи, немав грип туку труење со храна – открива Џордан.

Мајкл Џордан на тој натпревар освен што ги постигна победничките поени, натпреварот го заврши со 38 поени и имаше пет асистенции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот