Џордан: Коби ми беше како помал брат, во три часот наутро ме прашуваше за кошарката! (ВИДЕО)

фото: твитер

Емотивен говор на еден од најдобрите кошаркари во НБА историјата, Мајкл Џордан, на комеморацијата на Коби и Џиџи Брајант.

На ред дојде и „Летечкиот Мајк“, екс играчот на Чикаго Булс, да се обрати на собирот „Славје на животот“ во Стејплс Центар.

Не се ни обидуваше да ги сокрие солзите, имаше што да каже за Коби, кој своевремено во кариерата му беше ривал на паркетите.

Вдовицата на Коби, Ванеса Брајант го тужи сопственикот на хеликоптерот во кој загинаа девет лица.

– Со Коби беше како да имате помал брат. Знаете и самите, помалите браќа вам ви пречат, ви влегуваат во собата, ви земаат сè и сешто, играчки. Многу се напорни. Така и мене Коби знаеше да ме повика во два, три часот наутро. Да ме праша за кошарката, за работата на нозете, дриблинзите, триковите – рече Џордан, кој потоа додаде:

– Сакаше да биде најдобар кошаркар кој можеше да биде, а јас сакав да му бидам најдобар постар брат кој можев да му бидам.

Според Џордан, Коби знаеше како да ви се приближи на посебен начин, умееше дури и да биде напорен, но да го извлече најдоброто од вас.

– Пред неколку месеци ми рече во порака дека ја учи неговата ќерка некои нови трикови, па ме праша за што јас размислував додека тренирав кошарка на 12 години, а јас му одговорив: „Тогаш тренирав бејзбол“ – Џордан ги насмеа присутните во „Ел-Еј“ Арената.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот