Џордан дозволи да има сè во „Последниот танц“, но забрани само една работа

Седмата и осмата епизода од документарниот филм „Последниот танц“ ќе се емитуваат утре наутро по европско време и се очекува да се крене најголема прашина досега поради тоа што ќе биде прикажано, но во целиот серијал само една работа ќе се сокрие, домот во кој живее Мајкл Џордан.

„Последниот танц“ во кој се зборува за шампионската генерација на Чикаго булс и Мајкл Џордан крена голема прашина со досегашните шест епизоди кои се емитуваа на ЕСПН телевизијата.

Интересно е што секоја епизода пред да се емотува мора да добие зелено светло од Мајкл Џордан, а според виденото во досегашните шест епизоди и најавата за наредните, седмата и осмата, се очекува да кренат најголема прашина.

Џордан одобри да се прикажат многу детали со кои се оцрнува и самиот тој, не како играч туку повеќе како личност, а неговиот агент Дејвид Фалк неодамна изјави дека е изненаден што дозволил да се појават одредени моменти во седмата и осмата епизода кои ќе предизвикаат голема бура во јавноста.

Сепак, Мајкл Џордан инсистираше една работа да не се појавува во документарниот филм, да не го снимаат неговиот дом во Флорида.

Луксузниот дом на Џордан во Флорида има 8.500 метри квадратни и се сместен во ресорт на голф клуб и има 11 спални соби, а едно цело крило од куќата е претворено во кошаркарски терен со теретана. Џордан едноставно не сакал гледачите да видат во каков луксуз живее и поради тоа инсистирал да биде интервјуиран на други локации.

Досега Џордан беше сниман на три локации но ниту еден не беше од актуелниот дом во Јупитер, Флорида.

– Постојат некои работи за кои Џордан сакаше да останат приватни. Едноставно не сакаше гледачите да бидат се и тоа го почитував – изјави Џејсон Херир, режисерот на „Последниот танц“.

Едната од трите куќи на кои беше сниман Мајкл Џордан беше изнајмена од ЕСПН телевизијата, а преостанатите две се во сопственост на „пријател на продукцијата“.

– Барав места кои изгледаа како Џордан да може да живее во нив. Знаев како излега неговиот дом и што сака, па баран нешто слично и мислам дека успеав во тоа – објаснува Херир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот