Џордан беше кретен, ја поминуваше границата многу пати, но…

твитер

Во седмата и осмата епизода од „Последниот танц“ акцентот е ставен на тоа колку беше тешко да се биде соиграч на Мајкл Џордан

Џордан признава дека во сезоната 1997/98 неколку пати се обидел да го натера младиот Скот Барел да се степа со него.

– Соиграч си со човекот кој има највисоки стандарди во историјата на кошарката и сакаш да одговориш на тој предизвик. Тешко е, беше како груба љубов. Мора да излезеш на теренот и да ја работиш својата работа – а секој ден Мајкл ќе ве турка да одите до крајни граници за да дојдете до тоа ниво каде е тој. Но, не сум сигурен дека Мајкл е свесен дека само тој може да ги оствари тие цели. Но, може и да ги предизвикува и другите да се обидуваат – изјави Барел.

Уште еден соиграч на Џордан, Џад Бушлер вели дека соиграчите се плашеле од „летечкиот“, а најдобро опиша како е да се биде соиграч на најдобриот кошаркар во историјата, е центарот Вил Пердју.

– Да се резбереме, Џордан беше кретен, ја поминуваше границата многу пати. Но, како што поминува времето, се повеќе размислуваш за тоа што тој сакаше да постигнш и тогаш си мислиш: Да, беше неверојатен соиграч – вели Пердју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот