Џонсон: Вратите на Даунинг стрит секој ден ќе бидат отворени за медиумите

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да воведе нова медиумска пракса во британската Влада и вратите на Даунинг стрит секој ден да ги отвори за медиумите, соопшти Скај њуз.

Дневните прес-конференции наскоро ќе бидат емитувани и на телевизија, како во времето кога беше прогласена вонредната состојба заради епидемијата на коронавирус.

Секојдневните прес брифинзи се постојана пракса во Белата куќа, но за време на претседателството на Доналд Трамп овие настани станаа сцена на остра конфронтација меѓу претставниците на седмата сила и функционери од претседателскиот кабинет, особено со Џон Спајсер и Сара Хакаби Сандерс.

Британскиот премиер изјави дека новата медиумска пракса на Даунинг стрит ќе ја афирмира „културата на транспарентност и отвореност”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот