Џонсон: Велика Британија треба да направи повеќе во борбата против расизмот

Борис Џонсон
Борис Џонсон/ Фото: EPA-EFE/JESSICA TAYLOR/UK PARLIAMENT HANDOUT MANDATORY CREDIT: UK PARLIAMENT/JESSICA TAYLOR HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека извештајот за расната нееднаквост во земјата е направен по налог на неговата влада, а заклучокот од него е дека во Велика Британија нема институционален расизам. Но, според него, треба да се стори повеќе за да се реши овој проблем во британското општество.

– Не сакам да кажам дека владата ќе се согласи со апсолутно сѐ што е во него, но содржи неколку оригинални и стимулативни заклучоци и мислам дека луѓето треба да го прочитаат и да размислат, рече Џонсон за извештајот објавен вчера од британската комисија за расна и етничка нееднаквост, пренесуваат британските медиуми.

Џонсон посочи дека во британското општество има многу сериозни прашања со кои треба да се соочат, а едно од нив е и расизмот.

– Треба да сториме повеќе за да го решиме тоа и треба да ја разбереме сериозноста на проблемот, додаде британскиот премиер.

Извештајот на британската Комисија за расни и етнички нееднаквости беше нарачан од владата на премиерот Џонсон, по големите протести на движењето „И Црните животи се важни” од минатото лето, по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд во САД.

Британските медиуми претходно пренесоа дека специјалниот советник на британскиот премиер за граѓанско општество и заедници, Самуел Касуму, денеска поднесе оставка, еден ден по објавувањето на извештајот за расните несогласувања во Велика Британија, во кој беше заклучено дека земјата нема системски проблем со расизмот.

Касуму, кој инаку е Црнец, ќе ја напушти оваа позиција следниот месец, а канцеларијата на Џонсон соопшти дека тој планирал да го стори тоа уште пред неколку месеци, пренесуваат американските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот