Џонсон: Велика Британија до јули ќе се врати во состојба блиска до нормалната

Би-Би-Си, исто така, соопшти дека Џонсон признал дека е фрустриран од „комплексното ” ублажување на мерките за карантин во Велика Британија.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека сака земјата во јули да се врати на состојба „блиска до нормалната”  и најави дека со издвоени 93 милиони фунти или околу 104 милиони евра ќе го забраза отворањето Центар за пронаоѓање на вакцина против коронавирусот.

Обраќајќи им се на 100-тина ториевски пратеници преку видео-врска, Џонсон кажа дека ќе преземе „бавни чекори” за олеснување на мерките, но само доколку Британците се придржуваат до актуелните мерки за карантин.

Џонсон оцени дека епидемијата го покажала најдоброто кај луѓето и посочи дека упорноста на јавноста и здравиот разум ќе и овозможат на земјата да напредува во надминувањето на мерките за карантин кон „нормалноста што многу ни недостасува”.

Тој, исто така, изјави дека Истражувачкиот центар во Оксфордшир ќе биде отворен една година порано, во обид брзо да се пронајде вакцината против коронавирусот, пренесува „Дејли Меил”.

Би-Би-Си, исто така, соопшти дека Џонсон признал дека е фрустриран од „комплексното ” ублажување на мерките за карантин во Велика Британија.

Еден од пратениците, кој учествуваше во видео повикот со премиерот, за британски „Сан” изјави дека Џонсон им кажал дека е одлучен земјата да ја врати блиску до нормалата пред крајот на јули.

„Но, беше и јасен дека се ќе зависи од тоа дали земјата ќе ги исполни условите утврдени за борба против вирусот”, рече неименуваниот пратеник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот