Џонсон вели дека нема докази за руско мешање во британските избори - Слободен печат

Џонсон вели дека нема докази за руско мешање во британските избори

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека нема докази за мешањето на Русија во изборните процеси во Обединетото кралство, пренесе Тасс.

-Докази за тоа нема – рече Џонсон за Би-Би-Си, како одговор на забелешката за сериозноста на темата за мешањето на Москва во британската политика.

Тој ја зафати и темата за парламентарниот извештај во однос на заканата што Русија може да ја претставува за британската демократија.

Кон крајот на октомври 2019 година поранешниот генерален обвинител на Англија и Велс, Доминик Грив, ја обвини владата дека одбива да даде одобрение за објавување на извештајот. Тој е подготвен од парламентарната комисија за разузнавање и безбедност, која е раководена од поранешниот главен обвинител. Извештајот бил испратен на 17 октомври за одобрение до владата. Грив посебно внимание посвети на фактот дека вообичаено овој процес одзема 10 дена, но владата во Лондон овој пат го забавила одговорот неколку недели.

Прочитајте и...  Србинка сподели приказна од Вухан: Луѓето се исплашени, паничат, нема настава во училиштата!

-Нема причина да се менува востановената пракса во однос на објавувањето на извештајот на комисијата за разузнавање и безбедност, само затоа што се спроведуваат избори, изјави премиерот и ги отфрли обвиненијата дека објавувањето намерно се одолговлекува.

Според него, ваквите извештаи секогаш одземаат извесно време, за да бидат детално прегледани.

-Сите подароци за Конзервативната партија и навистина секоја друга партија се испитуваат правилно, изјави тој во одговорот на прашањето поврзано со паричните уплати од страна на богатите Руси за Конзервативната партија.

Прочитај повеќе

Рама: Авиолинијата Приштина-Белград е многу важен чекор кој треба да го следат и другите

Слободен печат

За разлика од загадувањето, бесплатниот превоз заврши

Слободен печат

Официјалните лица потврдија: Американскиот воен авион во Авганистан се урнал поради дефект

Слободен печат

Австриската национална авиокомпанија нема да лета во Кина до 9 февруари

Слободен печат

Дескоска: Нема да дозволиме да се блокира процесот на носење на законот

МИА Агенција

По планот за Средниот Исток, Харадинај од Трамп очекува конкретни идеи и за регионот

Слободен печат

Остави Коментар

six − 2 =

Прочитај повеќе

Приведени две лица за лажната дојава за бомба во Сити Мол

Слободен печат

„Вашингтон пост“ ја врати на работа суспендираната новинарка по објавите за Коби Брајант

МИА Агенција

Скопската зоолошка му посака добредојде на белиот лав Чака

Слободен печат

Владата го поздравува планот на Трамп за решавање на израелско-палестинскиот конфликт

Слободен печат

Засилени проверки и контрола на отпадот што влегува во државата

МИА Агенција

По Вухан, коронавирусот се шири и во кинескиот град Хуанганг

МИА Агенција