Џонсон со предупредување: Социјално дистанцирање или воведување полициски час

Британскиот премиер Борис Џонсон најави дека доколку луѓето не ги слушаат советите на Владата за социјално дистанцирање, ќе мора да се воведе полициски час и ограничување на патувањата поради спречување на ширење на новиот коронавирус.

Во Велика Британија затворени се пабовите, клубовите и вежбалниците, но социјалните мрежи се преплавени со фотографиии од граѓаните кои се собираат во парковите и пазарите.

Останете на оддалеченост од два метра. Тоа не е толку тешка работа. Направете го тоа. Во спротивно ќе мора да воведеме понатамошни мерки, истакна Џонсон.

Британскиот министер за заедниците Роберт Џенрик изјави дека Владата писмено бара од најзагрозените граѓаи да останат дома во следните 12 недели со цел да се заштитат од Ковид-19.

Во Велика Британија од почетокот на ширењето на новиот коронавирус починаа 281, додека 5.683 луѓе се инфицирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот