Џонсон: Сите кандидати на конзервативците ќе го поддржат договорот за брегзит – Слободен печат
ВестиПланета

Џонсон: Сите кандидати на конзервативците ќе го поддржат договорот за брегзит

Сите 635 кандидати ми ветија дека ако бидат избрани, ќе гласаат во Парламентот за одобрување на мојот договор за брегзит.

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека од сите кандидати на Конзервативната партија на претстојните избори добил ветување за поддршка на неговиот договор за брегзит.

– Сите 635 кандидати ми ветија дека ако бидат избрани, ќе гласаат во Парламентот за одобрување на мојот договор за брегзит, за да можеме да ставиме крај на периодот на неизвесност и конечно да ја напуштиме ЕУ”, рече Џонсон во интервју за „Телеграф “.

Џонсон изјави дека му нуди пакт на народот.

– Ако гласате за конзервативците, можете да бидете 100 проценти сигурни дека владата на конзервативното мнозинство ќе го одблокира Парламентот и ќе го спроведе брегзит”, нагласи Џонсон.

Изборите во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close