Борис Џонсон: Сила ми даде стравот дека никогаш нема да го видам синот (ФОТО)

борис џонсон кери симондс сопруга
ФОТО: EPA-EFE/NEIL HALL

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека стравот дека никогаш нема да го види синот кој беше очекувано да му се роди во периодот кога се зарази, му дал сила да го победи коронавирусот.

Борис Џонсон со свршеницата Кери Симондс / Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Џонсон рече дека тоа му дало мотивација да ги истера сите негативни мисли во најтемните мигови во интензивна нега.

„Едноставно одбив да мислам за тоа“, рекол Џонсон и навел дека, додека лежел поврзан на монитори, се фокусирал само на позитивни мисли за неговата бремена свршеница Кери Симондс, неговиот иден син и остатокот од фамилијата.

Кога бил запрашан дали имал страв дека никогаш нема да го види синот, кој во меѓувреме се роди, Џонсон рекол да.

Сара Фергусон вчера објави фотографија од свршеницата на Борис Џонсон, Кери Симондс која во рацете го држи нивниот тукушто роден син – го доби името Вилфред Лори Николас

„Имаме уште многу причини за живот и работа да завршиме и нема да кријам од вас, размислував за тоа“, рекол британскиот премиер.

Три недели откако се избори со инфекцијата, Џонсон се врати во болницата за да биде сведок на раѓањето на синот кој го добил името Вилфред Лори Николас, пишуваат англиските медиуми, и додаваат дека средното име Николас е во чест на докторот Николас Прајс и професорот Николас Харт кои му го спасиле животот на интензивна нега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот