Џонсон: Шкотска треба да почека до следната генерација за ново гласање

Борис Џонсон / Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Нов референдум за независност на Шкотска треба да се спроведува еднаш во генерација, изјави британскиот премиер Борис Џонсон, откако шкотската лидерка ги обнови повиците за ново гласање по Брегзит.

– Референдумите според моето искуство, моето директно искуство, во оваа земја не се особено среќни настани. Тие немаат посебна обединувачка сила за националното чувство, треба да се одржуваат само еднаш во генерација, истакна британскиот премиер за Би Би Си.

Шкотска гласаше да остане дел од Обединетото Кралство во 2014 година. Во тоа време, лидерката на Шкотската национална партија, Никола Старџен го нарече гласање на една генерација, но сега тврди дека заминувањето на Велика Британија од Европската унија, на што се спротивставуваат повеќето Шкотланѓани, „ја менува играта”.

Неодамнешните анкети на јавното мислење покажаа постојана поддршка за независноста.

Премногу долго владите на Велика Британија ја носат Шкотска во погрешна насока, завршувајќи со Брегзит. Не е ни чудо што на многу луѓе во Шкотска им е преку глава. Не сакавме да заминеме и се надеваме дека наскоро ќе ви се придружиме како рамноправен партнер, напиша вчера Старџен на веб-страницата на нејзината партија.

Џонсон отфрли одржување на ново гласање, но Старџен најверојатно ќе побара мандат и ќе направи притисок врз британскиот премиер доколку нејзината партија постигне успех на претстојните локални избори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот